недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 99
home Вести

Владев: Градоначалникот на Свети Николе не реализира ниту еден проект за пензионерите – овој пат тие довербата ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ

Владев: Градоначалникот на Свети Николе не реализира ниту еден проект за пензионерите – овој пат тие довербата ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани, почитувани пензионери денеска се наоѓаме во Свети Николе и сакљме да кажеме дека за предизборниот период во 2017 година, градоначалникот Велковски во неговата програма за живот во Свети Николе ветуваше изградба на многу проекти, во корист на пензионерите на Свети Николе. Но што вети, а што реализира? Градоначалникот Велковски ветуваше изградба на нов пензионерски дом, реконструкција на веќе постоечкиот дом, изградба и реконструкција на старечките домови низ селата во Свети Николе, изградба на рекреативно место за собирање и дружба на пензионерите, бесплатни екскурзии за пензионерите низ Македонија како и бесплатен летен одмор во одмаралиште во Дојран за пензионерите со пониски пензии и примања, изјави денеска за медиумите Дејан Владев претседател на општински комитет Свети Николе на ВМРО ДПМНЕ.

– Но што се случи? Сега сме веќе Мај, 2021 година градоначалникот Велковски не исполни и не реализира ниту едно од неговите ветувања. Затоа пензионерите се мудри и стабилни луѓе од општина Свети Николе и знаат да ги казнат нереализираните ветувања на актуелната власт. Затоа во октомври 2021 година за време на локалните избори, својата доверба на разумни и луѓе кои што си стојат на зборот, и ветените проекти ќе ги реализираат навремено и квалитетно. Пензионерите ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ за кое уште сега се гледа епилогот, односно идниот градоначалник на Свети Николе ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ а мнозинството од советот ќе бидат од редовите на нашата партија, посочи тој.

ЕУРО 2020

Македонија