сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Владејачката гарнитура го губи мнозинството во Комисијата за избори и именувања?

Владејачката гарнитура го губи мнозинството во Комисијата за избори и именувања?

Владејачката гарнитура го загуби мнозинството во Собраниската комисија за избори и именувања. Барем ако се цени според исходот од денешното гласање на кое опозицијата, претставена со ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА ги надгласа СДСМ и ДУИ.

Со 7:6 опозиционерите го отфрлија дневниот ред предложен од владејачките партии, во врска со расправата за Програмскиот совет на МТВ и за избор на членови на Агенцијата за медиуми.

Ова би можело да се толкува дека власта нема стабилно мнозинство во една од најважните собраниски комисии преку која мора да поминат сите именувања на пратеници во собраниските комисии.

Коронавирус