среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Владата знае дека ситуацијата во Прилеп е алармантна, но за неа ќе се дискутира дури во петок

Владата знае дека ситуацијата во Прилеп е алармантна, но за неа ќе се дискутира дури во петок

Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

-Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со ковид-19 – додаде Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски денеска побара во Прилеп да се воведе карантин поради влошената ситуација со коронавирусот во градот.

Коронавирус