вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 120
home Вести

Владата закажа седница, еве во колку ќе одлучува за новите мерки

Владата закажа седница, еве во колку ќе одлучува за новите мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, која ќе започне во 12:00 часот, ќе биде разгледан Записникот од триесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10.5.2021 година, со Записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, одржан истиот ден.

Меѓу останатите точки, на дневен ред за разгледување се и Информацијата со Предлог за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи и Предлог – одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците, кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2021/2022 година, предложени од Министерството за образование и наука.

ЕУРО 2020

Македонија