четврток, 22. август 2019. Вести денес: 99
home Вести

Владата во криза: Заев и Пендаровски му забија нож во грб на ДУИ со Еролд Муслиу?!

Владата во криза: Заев и Пендаровски му забија нож во грб на ДУИ со Еролд Муслиу?!

Две години од формирањето, владата од вчера е во голема криза поради судирите меѓу ДУИ и СДСМ, двата главни партнери на коалицијата предводени од Зоран Заев.

ДУИ и СДСМ се во голема кавга поради назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за rазузнавање од страна на шефот на државата Стево Пендаровски, пренесува „Журнал“.

Пендаровски го назначи Муслиу во консултација со премиерот Зоран Заев и без дозвола од ДУИ.

Муслиу претходно работел во УБК, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање, која е во надлежност на шефот на државата, додека пред неколку дена беше во рацете на Ѓорге Иванов.

Незадоволството на ДУИ го изрази вицепремиерот Бујар Османи. ДУИ се противи на искачувањето на Муслиу на врвот на оваа агенција од две причини.

Првата е дека  постои сомнеж дека Муслиу бил вклучен во фалсификување на некои документи на тајната служба на поранешна Југославија, каде од  македонските служби кружеле документи, дека наводно, Али Ахмети, Муса Џафери и Фазли Верлиу некогаш биле регрутирани од страна на УДБА, анализира порталот.

Во 2010 година, во Македонија овие наводи протекоа како  документи наречени “Мама”, “Вујко” и “Ибар”.

Комисијата за утврдување на факти подоцна заедно со ДСК ги отфрли овие енигматични  тврдења по истражувањето и ги исчисти имињата на тројцата високи членови на ДУИ. Тие заклучија дека станува збор за фалсификување и дека нема оригинални документи со такви тврдења за Џафери, Ахмети  и Велиу.

Но, Османи зборуваше само за втората причина поради која се  против одлуката на Пендаровски за Муслиу.

“… позицијата на ДУИ е дека додека настаните во Куманово целосно  не се разрешат, никој кој бил дел од тогашните служби не треба да биде задолжен за вакви чувствителни институции. Затоа очекуваме дека во овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе размисли за неговата одлука “, изјави Бујар Османи за новинарите во Скопје.

Други високи членови на ДУИ за Журнал рекоа  дека информациите од оваа партија велат дека некои разузнавачки агенти предводени од Иванов, меѓу кои и Еролд Муслиу, се осомничени за вмешаност во “Манипулацијата” на оваа група да предизвика тежок инцидент во Куманово.

Ова е прв голем судир меѓу ДУИ и СДСМ и е само десет дена откако Пендаровски ја презеде претседателската функција на земјата за следните пет години.

Во исто време овој судир станува уште поголем отколку што изгледа во јавноста , поради тоа што, со други зборови ова  значи дека за чувствителни и важни прашања кои се однесуваат на внатрешната безбедност на земјата само македонските политички партии се  оние кои одлучуваат.

Истото се случи и во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, кога партијата не и требаа гласовите на ДУИ за формирање на влада, исто и сега кога  СДСМ има потреба  гласовите на Албанците за да формира  владата и истата да опстојува.

Тежината на овој судир се поткрепува  со фактот дека не само ДУИ, но и сите други партии кои се дел од  владата, а уште помалку и тие во опозиција, се мобилизираа и му помогнаа  Заев, Пендаровски да победи на изборите.

ДУИ и другите албански партии имаат право да се чувствуваат предадени од Заев и Пендаровски.

Извор: ЖУРНАЛ