сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 43
home Вести

Владата утре ќе одлучува дали ќе имаме карантин за први мај

Владата утре ќе одлучува дали ќе имаме карантин за први мај

На утрешната владина седница ќе се одлучува за евентуално продолжување на полицискиот час за време на Првомајските празници, рече министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека мислењето на Комисијата за заштита од заразни болести, со консензус, сметаат дека полицискиот час треба да биде продолжен, односно да трае од четврток навечер до понеделник наутро.

Во однос на ставот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за престојниот празник да нема ограничување како за Велигден, Филипче посочи дека одуката ќе ја донесат стручните лица од Комисијата на заразни болести, врз база на епидемиолошки и медицински сознанија.

Филипче кажа дека на утрешната ќе се слушнат сите предлози и ќе се донесе крајната одлука.

ЕУРО 2020

Македонија