недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Владата треба да падне зошто ги изневерија граѓаните и се заглавени во криминал“

„Владата треба да падне зошто ги изневерија граѓаните и се заглавени во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на МРТ 2 истакна дека Владата на СДСМ, Влада која го злоупотребуваше СЈО цел овој периот треба да падне бидејќи ги изневери очекувањата на граѓаните. Сомнежите за криминал во кој се вмешани луѓе од врхушката на СДСМ се огромни додаде тој, и ова е само уште една причина зошто СДСМ веднаш треба да падне од власт констатираше Мицкоски.

-Затоа што е најголемиот корупциски скандал во кој се вмешани луѓе блиски до врхушката на СДСМ. Затоа што овој октопод според нашите информации има пипци кои што буквално завршуваат до врхушка на СДСМ, буквално. И затоа што практично ги изневерија граѓаните кои што веруваа, носеа маички. Се сеќавате со оние три букви СЈО. Безрезервно го поддржуваа, помалку холивудски живот имаа обвинителите и обвинителките. Се сеќавате на онаа копија на „Чарлиевите Ангели“ кога една обвинителка во канцеларија така шармантно, заводнички пушеше цигара па помалку луто даваше наредби итн. А во суштина гледате дека се било за пари и привилегии. И тоа разочарување е доволно само по себе да веднаш во овој момент падне Владата која што злоупотребуваше СЈО, целиот овој период, вели Мицкоски.