четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 107
home Вести

Владата со новиот предлог закон на игри на среќа остава 8.000 граѓани на улица и отвора пат на сива економија

Владата со новиот предлог закон на игри на среќа остава 8.000 граѓани на улица и отвора пат на сива економија

Нови 8.000 граѓани ќе останат на улица поради нов предлог закон на игри на среќа. Со истиот тој предлог закон се отвора широко вратата на сива економија.

По објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, Асоцијацијата на спортски обложувалници апелира дека новите измени на законот се неприфатливи, а истите ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места.

Предлогот на ЕНЕР е објавен на 21.01.2021 и во истиот стои – „Со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и високообразовни институции. Ваквиот начин на уредување дава можност младата популација да има лесен пристап до игрите на среќа.

Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб и обложувалница имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории односно уплатно исплатни места. Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Северна Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ“.

„Ставот на АСОМ по однос на измените за одалечување на деловните објекти е целосно неприфатлив и на истиот силно се спротивставуваме. Растојанието од 500 метри оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98% од уплатно – исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Со ова, директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства, односно 8.000 вработени во индустријата на игрите на среќа кои преку ноќ ќе ја изгубат работата. Негативни последици ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од нашата работа.“, изјавува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Од АСОМ се предупредува дека со вакво законско решение се отвора патот на сивата економија и нелегалното обложување. На АСОМ не им е јасно дали Владата сака од целосно регулиран пазар кој сега постои, да направи нерегулиран бидејќи ефектот од законот ќе биде токму таков.

Од АСОМ укажуваат дека неколку пати побарале средба со Владата и Министерството за финансии, но ниту еднаш не биле повикани за остварување на истата средба.

Коронавирус