четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 135
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Владата се предомисли: Ќе крателе наместо 160 само 50 милиони од непродуктивните трошоци 

Владата се предомисли: Ќе крателе наместо 160 само 50 милиони од непродуктивните трошоци 

Владата се предомисли. Со ребалансот на Буџетот нема да крати 160 милиони како што првично најавија, туку ќе скрати само 50 милиони евра. Ова во синоќешното гостување во емисијата „Економски магазан“ на Алсат телевизија, го истакна вицепремиерот за економскри прашања, Фатмир Битиќи.

Ова е само 30 отсто од првично најавената сума, останатите пари тој вели дека ќе се обезбедат со дополнителни задолжувања од домашните комерцијални банки.

-Триесетина отсто од 160 милиони ќе се обидеме да го скратиме од буџетските расходи на одредените институции. Се што не е возможно да се искористи до крај на нова година, рече Битиќи.

Покрај зголемувањето на државниот и јавен долг, ова значи дека ќе се продлабочува и буџетскиот дефицит, но на оваа констатација за време на емисијата, вицепремиерот крена само раменици.

Имено, кога премиерот Зоран Заев го презентираше четвртиот сет на економски мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, истакна дека со ребалансот на буџет, кој треба да биде готов до крајот на неделава, од непродуктивните трошоци ќе се скратат 160 милиони евра.

Значи, во време кога економската криза во државава се продлабочува и треба секој еден денар да се штеди и да се вложи на правилното место, кога луѓе губат работни места, кога стопанството моли за финансиска инјекција, која и не мора да биде од позајмени пари, власта дополнително ќе не задолжува за уште околу 100 милиони евра. Долг, кој за време на презентацијата на мерките не беше најавен.

А од друга страна, државните инситуции ќе продолжат со трошењето пари за непродуктивни расходи, ќе продолжат со трошењето пари за кафе, пијалоци, јатки и колачи, па и со гломазни тендери за разни набавки.

На средината на месец мај беше донесен првиот ребаланс годинава. Беше донесена одлука државната каса да биде потешка за околу 54 милиони евра, а со тоа и буџетскиот дефицит да се продлабочи на 750 милиони евра.

Коронавирус