среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 170
home Вести

Владата се меша во судската власт- му „укажа“ на Уставниот суд дека одлуките на Владата се уставни

Владата се меша во судската власт- му „укажа“ на Уставниот суд дека одлуките на Владата се уставни

Владата се меша во судската власт.

Имено на денешната седница Владата му „укажа“ на Уставниот суд дека одлуките на Владата се уставни и му „укажа“ на судот во најкраток можен рок да ја отфрли како неоснована инцијативата за уредба за платите на СЈО.

„На барање на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Владата денеска утврди мислење да му предложи на Уставниот суд во најкраток можен рок да ја укине изречената времена мерка, а поднесената иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите („Службен весник на Република Северна Македонија” број 90/2020), во целост да ја отфрли како неоснована.

На оваа седница Владата оформи мислење и за иницијативата доставена до Уставниот суд за оценување на уставноста на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, во кое се истакнува дека одредбите од Уредбатa со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес се целосно во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, и заради што на Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесената иницијатива во целост да ја отфрли како неоснована“, стои во одлуката на Владата на 49-тата седница.

Коронавирус