недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Владата пропуштила 130 милиони евра од европските фондови за капитални градби, неспособноста е позаразна од короната

Владата пропуштила 130 милиони евра од европските фондови за капитални градби, неспособноста е позаразна од короната

Информацијата во медиумите дека Република Македонија загубила 130 милиони евра од европското финансирање ја шокира јавноста. Владата, која наводно се бори за влез на државата во Европската унија, како и за пристап до ЕУ фондовите, не била заинтересирана да предложи инфраструктурни проекти за финансирање од пристапните фондови. За жал, со ваквиот однос на Владата кон ЕУ фондовите, таа ги брка инвеститорите, а со тоа не овозможува нови работни места. Парите државата можеше да ги искористи за патишта, железници и други инфраструктурни проекти кои на економијата ќе и донесеа свежи пари во услови на рецесија. Се поставува прашањето дали власта нема политичка волја или нема капацитет да ги изменаџира средствата за капитални инвестиции од ЕУ фондовите

Според претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тие средства не се во државата затоа што администрацијата која ја менаџира Заев е неспособна да ги искористи. А, како би биле способни кога главната дејност на Владата е криминал, лаги и продажба на идентитетот. Владата по принципот “лежи лебу да те јадам” нема да стигне никаде. Впрочем и парите на картичките за поткуп ќе завршат, а што потоа? Потоа, се разбира истиот филм од владата, час лаги, час занимавање со опозицијата и хајки, час продажба на идентитет. На тој филм народот ќе му стави крај. Затоа што работите вријат!, вели Мицкоски.

Познат е фактот дека владата предводена од СДСМ потфрли со реализацијата на капитални инвестиции. Само оваа година нивото на капитални инвестиции се очајни 1.67 проценти. Затоа експертите сметаат дека Владата требала да ги искористи тие пари, дотолку повеќе што нивото на капитални инвестиции во последните три години е најниско од осамостојувањето до денес. Македонија веќе не се мери со Словенија и Австрија, како што се мереше претходно во времето на Владата на ВМРО – ДПМНЕ, туку сега се мери со Косово и таму има во апсолутни бројки двојно поголеми капитални инвестиции, а во релативни бројки има за 30 проценти повисоки капитални инвестиции, што е еден пораз за власта предводена од СДСМ.

Следствено на сето ова, на крај излегува дека и со средства од македонскиот буџет и со средства од ЕУ фондовите, Владата не знае што, како со тие пари, бидејќи нема јасна визија и план за развој првенствено на економијата.

Коронавирус