сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 56
home Вести

Владата преку свои инсталации сака да создаде нов крвав 27. април за да ја деградира демократската борба против капитулацијата на Заев

Владата преку свои инсталации сака да создаде нов крвав 27. април за да ја деградира демократската борба против капитулацијата на Заев

Веќе неколку дена голем број граѓани протестираат и го изразуваат својот револт против одлуката да се потпише капитулантскиот договор, кој вчера го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров, односно Никос Коѕијас, а беше договорен од премиерите на двете држави, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Ваквата одлука наиде на голем револт кај најголемиот број граѓани, кои својот револт решија да го искажат преку протест, а на вчерашниот протест се случи инцидент каде полицијата користеше шок бомби и солзавец против насобраните луѓе.

Низ јавноста се коментира дека има сериозни сомнежи дека меѓу луѓето кои протестираа за зачувување на името на својата држава имало провокатори кои имале за цел да направат нов крвав инцидент, нешто што би наликувало на 27-ми април.

Мислењето кај голем дел од граѓаните дека целта на овие инсталации, кои според нив доаѓаат директно од врвот на власта и премиерот Зоран Заев, е да се деградира демократската борба на граѓаните и демократското право на протест.

Уште на самиот почеток од нередите пред Собранието, дел од медиумите објавија дека уфрлени провокатори се обидоа да исценираат инцидент на протестот пред Собранието на Република Македонија.

Дека ваквите сомнежи не се далеку од вистина потврдува и тоа што, според тврдењата на присутни на протестот, одредени лица кои првично биле дел од протестантите, потоа можеле да се забележат во полицискиот кордон, без потребната опрема на себе, облечени во цивилна облека. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали вечерва се случи свесно насилно сценарио?

Прашањата на најголемиот дел од граѓаните кои протестираа се зошто додека тие беа тепани и напаѓани со шок бомби и солзавец, на други граѓани кои биле дел од протестот им било дозволено да го поминат полицискиот кордон и да седат со полицајците позади штитовите.

Вчера на протестот, на полициско оклопно возило се качи лидерот на партијата на Народно движење на Македонија, Јанко Бачев, кој во раката држеше руско знаме.

Граѓаните и за ова прашуваат зошто полицијата која користеше прекумерна сила за да се справи со нив, не реагираше на ваквото однесување на Бачев.

Сомнежите дека се работи за инсталации на власта за да се деградира демократската борба на Македонците, од вчера се многу поголеми кај јавноста.

Коронавирус