четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 52
home Вести

Владата повторно згреши, пуштила погрешен листа со фирми кои ја злоупотребиле владината помош

Владата повторно згреши, пуштила погрешен листа со фирми кои ја злоупотребиле владината помош

На списокот со фирми што зеле државна помош за плати на вработените, а не им ги исплатиле, за кратко се најде и „Телевизија 21“, па беше повлечена.

Фирмата „КОМПАНИ 21 –М ДООЕЛ Скопје“, според првиот список на Владата, зела сума од 565 000 денари како субвенција за исплата на плати.

Но, во ажурираниот список кој нешто подоцна вечерва го објави Владата, оваа фирма ја нема.

Листата со фирми беше објавена, откако се откри дека стотици фирми ја злоупотребиле државната помош за ковид-кризата.

Според УЈП, станува збор за 708 компании кои за април и мај зеле околу 385 000 евра од државата за субвенции на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.

Од Владата најавија дека ќе бараат Обвинителството да покрене постапка за утврдување кривична одговорност кај одговорните лица во фирмите.

Коронавирус