понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Владата повторно удри по работниците: Нема да има исплата на К-15 во 2020 година!

Владата на Република Македонија денеска ја продолжи работата на 32 седница, на која беа донесени повеќе уредби, одлуки и заклучоци. Владата реши на вработените во јавниот сектор да не им се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година. По расфрлањето во време на вонредна состојба во одбрана и МНР, на владата конечно и „текна“ и дека расходите во јавниот сектор за репрезентации, спонзорства и реклами треба да се сведат на минимум.
Владата повторно удри по работниците: Нема да има исплата на К-15 во 2020 година!

Владата на Република Македонија денеска ја продолжи работата на 32 седница, на која беа донесени повеќе уредби, одлуки и заклучоци.

На оваа своја седница, Владата на Република Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и ги донесе следните заклучоци и тоа:

1.Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот.

За сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да нема прием на нови вработувања.

Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата.

Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

2.Расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор.

3.Колективниот договор за култура во кој се регулирани сите права да се пролонгира до крајот на 2020 година.

4.На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

5. Во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата.

6. Владата ги задолжува јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.

7. Владата до крајот на 2020 година ги задолжува буџетските корисници и единките корисници да ги почитуваат мерките за намалување на расходите.

8. Се задолжува Владата да ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор за донесените мерки за намалување и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот.

На оваа седница е донесена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, со која полагањето на испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи и на испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасните материи и за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на седницата е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај, согласно која полагањето на испитот за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и на испитот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

Коронавирус