вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 204
home Вести

Владата повикува на одговорно политичко однесување

Владата повикува на одговорно политичко однесување

Во овие моменти не треба да се подлегнува  на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, изјавија за МИА од Владата, како одговор во врска со коментарот на грчки владин претставник, кој изјавил дека „по се изгледа се оддалечува можноста за договор во следните денови за решавање на спорот со името“.

Како штој јави дописничката на МИА од Атина, според истиот владин претставник, чија изјава ја пренесува грчката агенција АНА-МПА се оддлечува и можноста за телефонски разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– ПЈРМ очигледно сe уште не е подготвена да се одговори на она што беше договорено во Брисел меѓу двајцата министри за надворешни работи. Според тоа можноста за договор во текот на следните денови се чини дека се оддалечува. Веројатно се оддалечува и телефонскиот разговор на двајцата премиери, коментира претставникот на грчката влада.

МИА

Коронавирус