понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Владата одлучи: За продолжениот викенд дозволено движење од 05:00 до 14:00 часот

Владата одлучи: За продолжениот викенд дозволено движење од 05:00 до 14:00 часот

Продолжениот викенд за Првомајските празници нема да биде ограничен како за Велигден.

Како што соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, преку својот профил на Фејсбук:

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република  Македонија, напиша Спасовски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија