четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 120
home Вести

Владата одлучи да даде 800.000 евра за паралелен албански народен ансамбл

Државниот секретар при Министерството за Култура, Валмир Азири, вели дека одлуката е донесена, но се очекуваат последните консултации за формирањето на законот за овој ансамбл да функционира беспрекорно.
Владата одлучи да даде 800.000 евра за паралелен албански народен ансамбл

Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев, одлучи да даде 800.000 евра за паралелен албански народен ансамбл.

Од таму во декември порачаа дека сметаат дека постои потреба од основање нова Национална установа „Анасамбл за албански народни ора и песни во Република Македонија“- Скопје.

На вчерашната владина седница, се разговараше и за оваа точка, по што е донесена одлука огромна сума на пари да биде дадена за ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија.

Државниот секретар при Министерството за Култура, Валмир Азири, вели дека одлуката е донесена, но се очекуваат последните консултации за формирањето на законот за овој ансамбл да функционира беспрекорно.

-Првиот годишен буџет, земајќи ги предвид платите, инвестициите во костимографијата, инструментите и практичниот дел, е околу 800 илјади евра. Но, ова се пари кои варираат зависно од потребите кои се појавуваат во текот на формирањето на оваа институција, вели Азири, пренесе ТВ 21.

 

Најнови вести

Коронавирус