понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Владата неподготвена ја дочекува пролонгираната учебна година

Владата неподготвена ја дочекува пролонгираната учебна година

На помалку од една недела пред почетокот на учебната година многу прашања кои ги мачат родителите и децата и понатаму остануваат нејасни. На многу родители им предизвикува нервоза тоа што Комисијата за заразни болести не донесе никаква одлука за повторно воспоставување на целодневната настава во училиштата. Овие родители не знаат каде ќе одат нивните деца кога ќе им заврши наставата, кога тие се на работа и нема кој да ги земе од училиште. Има уште три работни дена пред отворање на училиштата, а Владата за нивниот проблем сѐ уште нема решение.

Друг проблем кој ги загрижува родителите на децата кои треба да одат на училиште е и скринингот на вработените во училиштата. Иако, тоа што градинките се отворија без скрининг резултираше со нов кластер помеѓу децата во струмичката градинка, а позитивни случаи во градинките се јавија уште на некоилку места, Владата не сака да извлече поука од оваа грешка и сака да ги отвори и училиштата без никакви претходни преипреми и скрининг на вработените.

Трет проблем со кој се соочуваат родителите и воглавно децата е националната платформа за онлајн учење. Со самиот факт што 40.000 деца немаат уреди за следење на наставата преку оваа платформа, а тоа се воглавно сиромашни деца, врз нив Владата врши дискриминација. Таквата дискриминација негативно ќе се одрази врз развојот на овие деца кои се исклучуваат од групата во која што припаѓаат само затоа што се сиромашни, а оваа проблематика би требало да ѝ е добро позната и на самата министерка за образование Мила Царовска која претходно беше и министерка за труд и социјала. Но, наместо да го запази овој сегмент таа продолжува да прави дискриминација врз најсиромашните деца, воопшто не водејќи сметка за тоа дека тоа може е да влијае на понатамошниот нивен развој.

Коронавирус