недела, 27. септември 2020. Вести денес: 24
home Вести

Владата нема план за градинките, родителите нервозни, децата незгрижени и незаштитени

Владата нема план за градинките, родителите нервозни, децата незгрижени и незаштитени

После неколку месечната пауза градинките на 9-ти септември треба да почнат со работа. Градинките треба да ги згрижат сите деца на родители кои работат и кои што работните обврски треба да ги извршуваат на работното место.

Од друга страна, Владата донесе протоколи за работа на згрижувачките установи според кои се намалува бројот на децата во воспитна група. Во групите на деца до две години не треба да има повеќе од шест деца и по двајца вработени, по една негувателка и воспитувачка и во групите со поголеми дечиња и не треба да има повеќе од 15 деца, а и за нив треба да има по две вработени.

За да се исполни ова потребни се поголем број на вработени и повеќе простории во самите градинки. Интересот на родителите кои имаат потреба од згрижување на децата во градинка е голем, особено во поголемиете градови. Се покажа дека по новите протоколи градинките се несоодветни за да ги згрижат сите деца чии родители морааат да се вратат на работа. Проблемите од овој тип најпрво дојдоа до израз во Битола и Прилеп. Во Битола, на пример, родители на над 800 деца побарале нивните деца да се згижат во градинка од 9 септемви, но за дваесетина деца нема место во битолските градинки. Додека во Прилеп, од 1.500 деца, според новите протоколи за работа, место во градинака има само за 606 дечиња.

Што ќе биде со другите деца за кои нема место во градинка, а чиишто родители се самохрани или што работните задачи мораат да ги извршуваат од работното место, власта нема одговор.

Родителите се нервозни и стравуваат за своите работни места, во овие времиња на економска криза. Градинките се затворени од почетокот на март месец, а Владата имаше на располаѓање цели 5-6 месеци за да изнајде решение така што ниту едно дете да не остане надвор од згружувачките установи. Место да се расфрла со пари за купување на возила за разни државни инстутуции, на што потрошила неколку милиони евра, тие средства можеше да ги насочи во изнаоѓање решение за градинките и училиштата.

Освен ова, градинките не даваат гаранција дека децата за кои што ќе се грижат, ќе бидат заштитени. Родителите се должни да однесат потврда од лекар дека нивното дете е здраво, но истото не важи и вработените.

За работата на градинките, реагираа од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Од таму бараат владата да донесе јасни одлуки за работата на градинките во кои ќе ги вметне и препораките на УНИЦЕФ и да се одвојат средства од државата, за чување на деца во домашни услови.

-Државата има обврска да го организира процес на згрижување на најмладите, односно на децата од предучилишна возраст. Граѓаните се соочуваат со огромен проблем, кој го споделуваат и со нас како пратеници, а кој се однесува токму со оваа проблематика во услови на пандемија со корона вирус, реагираше Благица Ласовска во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус