четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

„Владата нема ни р од реформи“

„Владата нема ни р од реформи“

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Жаклина Пешевска во емисијата „Топ Тема“ кажа дека владата нема „р“ од реформи и дека и после две години од кога се на власт немаат направено ниту една од реформите кои ги ветувале.

Таа кажа дека од како моменталното парламентарно мнозинство е во собранието навистина владее хаос. Пешевска додаде дека се закажуваат дури и по 13 активности во еден ден и дека таквата пракса не е добра заради тоа што се преклопуваат активностите и дека се намалува ефективноста на пратениците.

Пешевска кажа дека приоритетите изостануваат и дека тоа штети на целокупното работење.

Коронавирус