петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 53
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски во Штип

home Вести

Владата нема мерки и решение за 40.000 нови невработени

Владата нема мерки и решение за 40.000 нови невработени

За шест месеци, Македонија има нови 40.000 невработени лица за кои владата предводена од СДСМ нема решение. Заклучно со август, во Македонија имало речиси 145.000 невработени кои активно бараат работа, за разлика од февруари, кога бројот на невработени изнесувал речиси 106.000 лица

Бројката на невработени од ден во ден расте, а владата не им нуди ништо повеќе од платежни картички кои не им ги покриваат ни основните трошоци за живот за еден месец.

Несериозни и лицемерни се изјавите од премиерот Заев и министрите од владата дека со платежните картички се помагало на невработените, додека тие луѓе веќе 6 месеци се без приходи за живот за себе и за сопствените семејства.

Синдикалната минимална кошничка за септември година изнесува 33.621 денар, што значи дека еднократната помош која им ја нуди владата од 6 или 9 илјади денари, не им ги покрива ниту третина од трошоците во еден месец, а камо ли за другите месеци.
Невработените велат дека наместо да ги залажуваат со вакви картички треба да се изнајдат механизми како тие да се вратат на работа, со што ќе обезбедат постојани приходи со кои ќе можат да ги преживеат овие кризни периоди. Но, од власта за таквите барања засега нема слух.

Дека власта нема да им помогне на овие лица, а ниту на малите бизниси кои пропаѓаат најави и премиерот Зоран Заев во неговото гостување на „Економски магазин“ на Алсат М телевизија, каде изјави дека нема да им помогне на компаниите кои едвај преживуваат, туку ќе ги остават да пропаднат.

– Се работи за една комплексна насоченост на владата со јасна визија што сака да постигне. Прво мора да знаат компаниите кои животарат, ќе ги оставиме да пропаднат, рече премиерот Зоран Заев објаснувајќи го планот на владата.
Крајно несериозна изјава од еден премиер кој наместо да се бори и да им помага на граѓаните и бизнисите, тој свесно вели дека треба да пропаднат.

Покрај тоа што не им се помага на бизнисите кои пропаѓаат, не се работи ниту на привлекување на странски инвестиции кои значително можат да помогнат во намалување на невработеноста. Потврдата за тоа стигна од реномираниот британски весник „Фајненшл тајмс“ каде Македонија повеќе ја нема во првите 50 држави по странски инвестиции, листа на која пред само 4 години бевме на високото трето место.

Како сето тоа да не беше малку и Светска банка и прогнозираше сиромаштија на Македонија, што значи дека тешки времиња доаѓаат за македонските граѓаните, а најтешки за невработените кои не знаат како ќе преживеат, а за кои власта нема мерки и решение како да им помогне.

Коронавирус