сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Владата нè задолжи со дополнителни 700 милиони евра!

Владата нè задолжи со дополнителни 700 милиони евра!

Седумстотини милиони евра е сумата со која попладнево се задолжи земјава преку издавање на еврообврзница. Алсат дознава дека каматната стапка е 3,67%, а парите ќе треба да се вратат за шест години.

Министерство за финансии

„Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евенутален повторен шок и зависно од развојот на настаните делумно финансирање на потребите за следната година.“

Министерство за финансии

Сигурносни средства
Евентуален повторен шок
Финансирање за следната година
Процесот на издавањето на еврообврзницата го водеа меѓународните финансиски институции Ерсте груп, Дојче банк, ЏП Морган, Сити (БиД). Премиерот Оливер Спасовски очекуваше интерес кај инвеститорите.

„Започна постапката во текот на денот, се прават сите анализи, подготовки, разговори итн, и на основа на тоа треба да имаме подетални информации. Јас очекувам дека ќе имаме успех.“

Според груба пресметка, ова значи дека за шест години, освен главниот долг од 700 милиони, Македонија ќе мора да врати и вкупна камата од 153 милиони евра. Ова е втора еврообврзница во мандатот на оваа влада на СДСМ. Првата ја издаде екс-министерот Драган Тевдовски која беше во висина од 500 милиони евра.

Парламентарни избори 2020