сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Владата на Заев се огласи по скандалот со ангажирањето на командант Хоџа

Шаќири, кој е познат како командант Хоџа, по информациите и реакциите викендов дека е назначен за советник за безбедност, на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.
Владата на Заев се огласи по скандалот со ангажирањето на командант Хоџа

Поранешниот пратеник во Собранието на РМ Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ, соопшти денеска владината прес-служба.

Како што се наведува во соопштението, Шаќири има времен договор со времетраење од една година со висина на примања од 36.000 денари месечно.

Шаќири, кој е познат како командант Хоџа, по информациите и реакциите викендов дека е назначен за советник за безбедност, на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.

– Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене, напиша Шаќири на Фејсбук.

Коронавирус