понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Владата на Заев повторно се кити со туѓи перја, Антура почна да работи уште пред три години

Владата на Заев повторно се кити со туѓи перја, Антура почна да работи уште пред три години

Во недостиг на идеи и неспособност да донесат странски инвестиции, Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев и СДСМ повторно се кити со туѓи перја.

Станува збор за денешното отворање на вториот погон на фирмата „Антура“ во Кочани која имаше лошо искуство со Зоран Заев како градоначалник на општина Струмица кога наместо земјиште за производствен погон им продаваше земјиште за катна гаража.

Имено СДСМ денеска промовираше инвестиција на холандската фирма чии прв погон беше пуштен во употреба уште пред три години во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а во меѓувреме Заев ја избрка истата компанија од Струмица, а за ова уште во ноември 2016 година го потенцираше поранешниот премиер Никола Груевски.

-Како да му се верува на Зоран Заев кога тој во својата општина не донел ниту една фабрика, а камо ли тука во Кочани, но морам да бидам искрен тој придонесе за една фабрика да дојде тука во Кочани, а тоа е компанијата „Антура“, тогаш велеше Груевски.

-Компанијата кога била дојдена во Македонија да бара локација, некој им кажал дека е добро да се инвестира во Струмица. Луѓето отишле се сретнале со него и му рекле дека сакале градежно земјиште за да изградат фабрика, Заев на тоа одговорил позитивно дека има такво земјиште за градење на оваа предвидена фабрика. Луѓето откако се заинтересирале за купување го замолиле Заев да им каже кога ќе има лицитација за да го купат земјиштето, така и било сторено- луѓето го купиле земјиштето и се спремиле да ја градат фабриката, но тие сфатиле дека земјиштето не е за градење на фабрика, туку за градење на зелен пазар и катна гаража. Откако му се јавиле на градоначалникот и му рекле дека тие купиле градежно земјиште, а не земјиште каде што е предвидена градба на катна гаража и зелен пазар, тој им рекол не се секирајте почекајте едно 6, до 12 месеци ќе ја наредиме работата. Луѓето збунети го прашале Заев дали се измамени и дали луѓето кои сакале да вработат над 300 луѓе купиле земјиште за градење на катна гаража и зелен пазар, истакна Груевски. -По целата таа збрка тие дојдоа овде во Кочани и градоначалникот топло им посака добредојде и веќе над 200 луѓе се вработени, а во иднина ќе расте и бројот на вработени. За разлика од Зоран Заев, градоначалникот на Кочани ги пречека на начин каков што заслужуваат тие, во ноември 2016 година потенцираше Груевски.

Инаку претходно во мај 2015 година поранешниот премиер Никола Груевски на отворањето на фабриката „Антура“ најави и проширување на истата фабрика која се случи денес.

-Имаат планови за проширувања, но сега засега треба да ја завршат оваа инвестиција од секој аспект и планот и е кога оваа фабрика ќе работи со полн капацитет да има 10 милиони евра годишно извоз и трипати неделно да се извезуваат контигенти на шлепери со овој материјал кој се произведува тука, ова го изјави Груевски во мај 2015 година.

ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција по повод отворањето на новиот погон на компанијата „Антура“ велат дека СДСМ ја презентирала како своја инвестиција, но тоа било лага.

-Инвестицијата на холандската фирма Антура која тие денеска ја презентираат како своја,  отпочна да работи со првиот погон уште пред три години, после подолг период на преговори за нивно доаѓање во Република Македонија. Впрочем тие уште оттогаш најавија дека планираат да го прошират своето работење во нашата земја и да отворат дополнителни вработувања. Се надеваме дека ако не може СДСМ да донесе нови странски инвестиции, барем ќе ги задржи постојните кои што ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, се вели во реакцијата.

Коронавирус