понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ОД 2020 VS ЗАЕВ ОД 2015- ништо од ветувањето за обвинител по предлог на опозицијата

ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ОД 2020 VS ЗАЕВ ОД 2015- ништо од ветувањето за обвинител по предлог на опозицијата

Ветувањето на Заев републичкиот јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата, дадено пред пет години, сега е неприфатливо за Владата предводена токму од Зоран Заев. По барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опозицијата да го предложи новиот јавен обвинител, министерот за правда Бојан Маричиќ вели такво нешто не било потребно, оценувајќи дека сегашниот обвинител успешно си ја работел својата работа.

-Ќе повторам изборот на државен јавен обвинител е уставна категорија, тоа е дефинирано во уставот и за да се промени, потребна е промена на уставот. Не верувам дека во овој момент тоа е приоритет, имаме добар државен јавен обвинител, изјави Маричиќ.

Токму изборот на републички јавен обвинител на предлог на опозицијата беше едно од главните ветувања на СДСМ, во програмата „План за живот во Македонија“, за парламентарните избори во 2016-тата година. Ова ветување беше многу пати повторувано како од Заев, така и од другите партиски функционери во тој период.

-СДСМ има вистинска, чесна намера, да го ослободи од влијание државниот јавен обвинител. Во таа насока и предлагаме мерка која што ќе го донесе тоа очекување кое го испорачуваме, дека државниот јавен обвинител ќе се избира на предлог на опозицијата, изјави Ременски на 19.06.2017.

СДСМ за пет години сосем го промени ставот. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека на власта и чини послушен јавен обвинител кој нема да реагира на како што велат- криминалот на Заеви и другите функционери од владејачката партија.

-Потребен им е јавен обвинител кој ќе вели дека опозицијата предизвикува анксиозност, непријатност, нервоза. Тоа е вистината, но и причината зошто некои личности во моментов се гонат, а некои се ослободуваат од судските нарачани процеси, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Ветувањето од 2015-та, СДСМ го заборави во програмата насловена „Можеме“ во 2020-та година, каде никаде не е споменато републичкиот јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата.

Коронавирус