четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

Владата на Заев молчи, Македонија од Каракачанов си го дознава новото име

Официјална потврда од Владата во Македонија се уште нема, но бугарскиот министер потврди дека за оваа опција разговарале премиерите, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Владата на Заев молчи, Македонија од Каракачанов си го дознава новото име

Владата на Зоран Заев крие од македонскиот народ со што тргува за време на преговорите кои ги води за решавање на спорот со Грција.

Премиерот на Македонија бега од прашањата на кои должи одговори пред јавноста, а македонската Влада предводена од СДСМ нема никаква официјална потврда или демант за она што деновиве се шпекулира.

Од друга страна, Македонија од министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, дознава како ќе ни се вика државата.

Тој ги потврди шпекулациите за Република Илинденска Македонија како едно од можните решенија на спорот за името. Официјална потврда од Владата во Македонија се уште нема, но бугарскиот министер потврди дека за оваа опција разговарале премиерите, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

-Ние немаме претензии кон името Република Македонија, но сме против тоа да се преиначува историјата и да се гонат луѓе со бугарска самосвест во Македонија. Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија, за што вчера разговараа лидерите на Македонија и Грција. Слушнав за Илинденска Македонија, исто така слушнав за Вардарска, Северна. Илинденското востание е бугарско востание, дел од нашата заедничка историја, рече Каракачанов во емисијата „Ова утро“ на БTV.

Според него двете земји се на чекор до решение.

-Важно е овој вештачки спор за името, кој го отежнува членството на Македонија во ЕУ, да заврши. Повеќе луѓе живеат во Бугарија отколку во Македонија, историски сме поврзани, како што се Грција и Кипар и Србија и Црна Гора, рече тој.

Од неофицијални информации се дознава дека се предвидува и промена на Уставот, а ќе има интервенции и кај делот за националноста.

Коронавирус