четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Владата на Заев донесе повеќе кратење на плати и пензии отколку покачување

Владата на Заев донесе повеќе кратење на плати и пензии отколку покачување

Пред изборите, премиерот Зоран Заев ветуваше дека ќе се бори за повисок стандард за пензионерите во нивната предизборна програма „План за живот“, страна 109. Таму ветуваат дека покрај годишното законско усогласување на пензиите ќе има и вонредно зголемување на пензиите секоја година.

Дури на едно од своите обраќања, Заев, 2019 година ја прогласи за „економска година“, укажувајќи дека просечната плата од 500 евра е граница која е остварлива, но во јавноста се отвори дилема дали постои реална можност за достигнување на тој износ.

Сите негови досегашни ветувања оставаат големи прашалници бидејќи наспроти неговите ветувања за покачување на плати и пензии се случија кратења.

По долг период пензиите ќе престанат да растат. Од 2006-та до 201-6та година пензиите беа зголемени за 70%, од кои најниската и за над 90 отсто.

Но, последното најавено кратење дојде од Министерството за култура каде што се предлага да се укинат надоместоците за пензиите на доајените на културата како и титулата амбасадор на културата, во Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата.

Предлогот во петокот беше објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и на официјалната страница на Министерството. Според предлогот, надоместокот кој е во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во земјава во претходната година е околу 7.000 денари, ќе продолжи да се исплаќа само на оние што веќе го оствариле тоа право, пишува СДК.

Покрај оваа вест имаше и немили случки како што беше и доцнењето на 3 плати на вработените во АД Водостопанство, додека нивниот министер организираше луксузни коктели и пиеше скапи вина во странски земји.

Зоран Заев неодамна истакна дури дека и платите во администрацијата нема да растат затоа што администрацијата била слаба.

Ова претставува ретерирање од програмата „План за живот“ каде ветуваа повисоки плати за администрацијата.

Граѓаните во Македонија се збунети со математиката на Зоран Заев, досега се што стори е само намалување на пензиите и платите, и наспроти своите ветувања дури без срам пред камери вели дека економијата блеска.

Оваа економија е далеку од блескање, можно е да блеска но само во џебовите на Заев и неговите соработници, бидејќи нивните џебови стануваат се повеќе полни на сметка на граѓаните. Џебовите на граѓаните откако СДСМ е на власт се повеќе се празнат.

Најнови вести

Коронавирус