петок, 31. март 2023. Вести денес: 121
home Вести

Владата на сила спротивно на волјата на народот сака да го протурка договорот за промена на името

Владата на сила спротивно на волјата на народот сака да го протурка договорот за промена на името

Спротивно на изразената волја на народот на одржаниот референдум, Владата се обидува да го протурка договорот за промена на името.

На денешната вонредна владина седница донесен е „Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насока за изменување и дополнување на Уставот“, кој на предлог на Владата ќе се најде во собраниска процедура.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски по одржаната владина седница, на прес конференција,меѓу другото, истакна дека мнозинството од граѓаните ја донесе ваквата одлука.

-Народот направи важен избор, мнозинството од граѓаните гласаа на референдумот, поддржаа едно прашање, една визија и една цел за иднина на нашата земја која е на чекор да биде остварена, нагласи Бошњаковски.

Прашан дали е ова намерно терање инает, бидејќи референдумот беше неуспешен, Бошњаковски вели дека уставните измени се исполнување на волјата на народот.

-Ова е исполнување на волјата на народот, исполнување на волјата на мнозинството кое се одважи и гласаше и кажа каде ја гледа Македонија, во ЕУ и НАТО по имплементација на овој договор, одговори Бошњаковски.

На прашањето дали се консултирани експертите по уставно право, владиниот портпарол одговори дека „Постапката почнува денес, ова е само предлог.“

За потсетување на референдумот, кој беше одржан на 30 септември гласаа 36, 89 проценти од запишаните граѓани на Избирачкиот список, додека 63,11 проценти не излегоа на гласањето. Државната изборна комисија соопшти  дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список.