петок, 7. август 2020. Вести денес: 114
home Вести

Владата на СДСМ засилено троши милиони евра на тендери во предизборниот период

Владата на СДСМ засилено троши милиони евра на тендери во предизборниот период

И покрај сите укажувања на стручната јавност и на експертите, Владата на СДСМ не престанува со недомаќинското трошење на средствата на граѓаните. Имено, офанзивно се објавуваат тендери за разно разни набавки без оглед дали истите се оправдани во време на кризава во која што се наоѓа државата. Во месеците април и мај се објавени тендери во вкупна вредност од 147.059.440 евра, од кои во месец мај во вкупен износ од 86.263.660 евра.

Она од што се сите згрозени е расипничкото трошење Владата на Република Македонија преку Генералниот Секретаријат на 1.062.000.000 денари или 17.000.000 евра за набавка на софтверски лиценци!

Софтверските лиценци и сервиси Владата ги набавува за јавната администрација во државните и образовни органи и институции. Претходно Генералниот Секретаријат спровел постапка за истата јавна набавка која била објавена на 14.02.2020г, јавното отварање било на 16.03.2020 г, а поништена била на 21.05.2020 г, по инструкции од Бирото за јавни набавки во управен надзор очигледно заради неправилности во водењето на постапката.

Втората постапка за истиот предмет на јавна набавка била објавена на 22.05.2020 година, а донесена е Одлука за избор на најповолна понуда на 03.07.2020 година. Она што е симптоматично е тоа што истата фирма што требало да го добие тендерот во поништената постапка во мај (согласно донесената Одлука за избор од страна на Генералниот Секретаријат на Владата) го добива тендерот на 03 јули на повторно објавениот оглас на само 12 дена пред спроведувањето на предвремените парламентарни избори.

Замислете, на е-аукцијата на ваква голема набавка не била поднесена нова намалена цена, односно defacto немало е-аукција! Сето ова укажува дека овој тендер е наменски подготвуван за да го добие фирма блиска до власта.

Државата во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19 кога има зголемен број на случаи на заболени и починати, пад на економската активност и пораст на невработеноста носи одлука за набавка на софтверски лиценци? Ова ли се приоритетите на оваа Влада, вака ли планира да ја надмине пандемијата и да ја спаси економијата или очигледно личната заработувачка и профитот до последен момент се единствената цел на оваа Влада во заминување?

Граѓаните треба да оценат во услови на пандемија, пропратена со зголемување на невработеноста од 15.000 лица и кога за месец април 30.000 вработени не добиле плата, дали е неопходно потребно и оправдано спроведување на вакви наместени милионски тендери.

Коронавирус