вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Владата на СДСМ наместо да го спречи бркањето на работници, таа ги учи работодавачите како да го прават тоа

Владата на СДСМ наместо да го спречи бркањето на работници, таа ги учи работодавачите како да го прават тоа

Животната егзистенција на работниците повторно е на удар од страна на власта и економскиот тим на владата на СДСМ.

Имено, откако работниците цел месец се туркаа пред вратите на Агенцијата за вработување, владата открива дека всушност не секој работник ќе може да ги искористи економските мерки и ќе ја добие ветената парична помош. Владата на СДСМ апелира до работодавачите наместо да ги отпуштаат работниците со спогодбен договор за престанок на работниот однос, тоа да го прават со прогласување на вработените за технолошки вишок бидејќи само на тој начин отпуштените работници ќе добијат финансиска помош од државата.

-Важно е да се нагласи за вработените никако да не потпишуваат спогодбен отказ од работа бидејќи ќе останат без надоместоци, а најповеќе апелираме до работодавачите односно до газдите во овие тешки моменти треба да бидеме сплотени и солидарни затоа што со самата спогодба вработените ќе ги остават и без плата и без надоместок кој им следува од страна на Агенцијата за вработување, вели заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Експертите пак, сметаат дека ваквиот несериозен пристап од страна на власта дополнително ќе значи влошување и на така веќе тешката економска состојба во која се наоѓа стопанството и државата, нагласувајќи дека власта мора да помогне со конкретни и реални мерки кои што нема негативно да влијаат на потрошувачката.

Коронавирус