вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 90
home Вести

Владата на СДСМ на хонорари „ќе списка“ милиони денари, Рашковски потпишал договор вреден 160 илјади евра (ДОКУМЕНТ)

Владата на СДСМ на хонорари „ќе списка“ милиони денари, Рашковски потпишал договор вреден 160 илјади евра (ДОКУМЕНТ)

Бранот на вработувања во јавната и државната администрација никако да престанат. Последна во низата е Владата од каде склучија договор за ангажирање на лица преку приватна агенција за вработување, односно Владата предводена од СДСМ со овој договор ќе потроши над 160 илјади евра на хонорари.

Имено Владата преку Генералниот секретар Драги Рашковски на 11 август склучила договор во вредност од 10 милиони денари за исплата на хонорари преку авторска агенција.

Пред неколку дена објавивме дека и Општина Кисела Вода има потпишано договор за привремени вработувања. Вредноста на овој договор изнесува 22 милиони денари односно 350 илјади евра.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати предупредуваше на зачестените огласи за вработување во јавната администрација и нивната злоупотреба во партиски цели од страна на владејачката СДСМ.

Коронавирус