петок, 13. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

„Владата на Ковачевски се изгласа со 62 пратеника, ништо од најавуваното зголемено мнозинство“

„Владата на Ковачевски се изгласа со 62 пратеника, ништо од најавуваното зголемено мнозинство“

Вчера пропадна долгонајавуваното зголемено мнозинство на СДСМ. Владата на пиунот на Заев Ковачевски се избра со 62 пратеника, кои и досега ги имаа. Неспособноста на оваа Влада започна уште од вчера. Владата на пиунот Ковачевски ќе има краток рок на траење, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во Влада, а по однос на легитимитетот, Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет.

Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции.

Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема.

ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ и ДУИ, додаваат од партијата.

Коронавирус