петок, 31. март 2023. Вести денес: 47
home Вести

Владата на 18 март со само 4 заболени лица дневно побара воведување на вонредна состојба, а сега со 127 смета дека не е потребно

Владата на 18 март со само 4 заболени лица дневно побара воведување на вонредна состојба, а сега со 127 смета дека не е потребно

Владата на 18 март годинава со само четири заболени лица на дневно ниво воведе вонредна состојба која се уште трае и истата истекува на 14 јуни, но нема да прогласи нова состојба иако на дневно ниво деновиве имаме над 100 ново заразени лица.

За потсетување вчера имавме 127 ново заразени лица, а за една недела од 01.06.2020, Македонија бележи вкупно 802 новозаболени случаи и 20 смртни случаи, која што бројка не само што е лидер во регионот, туку  е поразителна за справување со коронавирусот во земјава.

Вонредната состојба од 14 дена истекува во сабота, на 14 јуни. Доколку не биде продолжена, тоа ќе значи дека на 5 јули ќе мора да се оддржат изборите, но како проблем пак се јавува зголемениот број на заболени од корона вирусот.

Затоа „Фокус“ во Влада праша дали со оглед на зголемениот број на заразени од корона вирусот, ќе биде побарано ново продложување на вонредната состојба. Од таму одговорија дека во наредните денови ќе се одлучува за сите отворени прашања. Сепак, потенцираат дека засега сметаат дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба.

-Владата за ова и други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови. Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба. Имајќи предвид дека здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, економските мерки се целосно уредени и во фаза на имплементација, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна, одговорија од Владата за „Фокус“.

Изборите беа распишани на 16 февруари, и требаше да се оддржат во Уставниот рок од 60 дена. Но со прогласување на вонредната состојба, рокот според власта се замрзна, и продолжува да тече по завршување на вонредната состојба. Владата на 22 март ја донесе уредбата за изборите.

Според владината Уредбата, изборите треба да се оддржат во рок од 22 дена од завршување на вонредната состојба, или во случајот на 5 јули.

Инаку според јавноста единствен интерес на Владата е да се исполни желбата на Зоран Заев за брзи избори на 5 јули идниот месец и покрај тоа што повеќе од очигледно е дека услови за истите нема.

За споредба Владата на 18 март годинава ја донесе првата одлука за воведување на вонредна состојба во земјава и тоа со само четрворица заболени на дневно ниво.

„Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема ниту најмала дилема. Донесовме одлука да предложиме носење на вонредна состојба на територијата на целата држава. Сега и веднаш. Мерките дадоа резултати но сега е време кога мора тие мерки да се заострат за да се спречи пикот на коронавирусот. Убедени сме дека таквата ескалација можеме да ја спречиме со воведување на воредна состојба“, рече тогаш на прес конференција претседателот на Владата Оливер Спасовски.