сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Владата молчи пред барањата на КСС: Има притисок врз синдикатите, а дијалог нема!

Владата молчи пред барањата на КСС: Има притисок врз синдикатите, а дијалог нема!

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), која најави протест пред Владата за 17 јануари, побарала официјална средба за изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија за нивните барања.

Во денешното соопштение, КСС наведува дека досега само министерката за труд и социјална политика се огласила во медиумите, но оти се уште нема покана од нејзина страна за официјална средба.

КСС обвинува за непостоење на трипартитниот социјален дијалог во државата и за притисок врз  синдикални претставници. За ова, како што велат, известени се и меѓународните синдикални организации.

Тие реагираат на кршењето на меѓународните документи и конвенции за заштита на синдикалните претставници. Апелираат да престанат сите притисоци врз синдикалното движење во Република Македонија, се вели во соопштението и се додава дека Меѓународната конфедерација на синдикати ќе реагира и до Меѓународната организација на трудот и до Европската унија доколку не се сменат работите во периодот што следи.

Од КСС пред Нова Година на прес-конференција најавија дека е донесена одлука за одржување на јавен протест во пет минути до 12 часот на 17 јануари пред Владата на Република Македонија. Бараат усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, престанок на притисоците врз синдикалните претставници и отпочнување на преговори за измени на Општиот колективен договор за јавен сектор. (МИА)