четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Владата контра Царовска, планирана е изградба на бегалски кампови, обелоденува ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Владата контра Царовска, планирана е изградба на бегалски кампови, обелоденува ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Владини документи објавени на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на портпаролот, Димче  Арсовски, обелоденуваат дека е планирана изградба  на бегалски кампови во Визбегово, документот е изработен од Агенцијата за планирање на просторот и е во вид на предмет барање на податоци и информации до повеќе институции, а во врска со изградба на прифатен центар за странци, популарно наречен бегалски камп.

– Мила Царовска нема проблем со ВМРО-ДПМНЕ, таа има проблем со реалноста. Реалноста вели дека на овој документ тука, пишува државна урбанистичко планска документација за прифатен центар за странци.  Не  пишува за бездомници,  пишува за странци. Со тоа што би сакал да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ не манипулира, не шири лаги и невистини. Единствено кој што сака да манипулира, а тоа е Мила Царовска и со тоа се обидува да  ја  навреди и да ја потцени интелигенцијата на граѓаните. Граѓаните го видоа овој документ и јасно се гледа од таму кој шири лаги и невистини, изјави денес Арсовски како одговор на обвинувањата на Царовска дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини во врска со бегалските кампови.

Инаку по обвинувањата дека во Република  Македонија, поточно во населбата Визбегово во Скопје ќе се градат бегалски кампови, Царовска сабајле се јави со Фејсбук статус, во однос на обвинувањата таа напиша:

-ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови. Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти. Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе од 80 лица кои живееја во на улица. Очигледно паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е преголема па се спремни ваквите хумани решенија да ги злоупотребуваат.​​ Повторно јасно порачуваме – бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја.

Се уште нема коментар од Царовска во однос на обелоденетите документи од Арсовски.

Најнови вести

Коронавирус