вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 81
home Вести

Владата ќе расправа за програми за работа и за измени, дополнувања и предлог законски решенија

Владата ќе расправа за програми за работа и за измени, дополнувања и предлог законски решенија

Владата денеска ќе ги одржи редовните 173-та и 174-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината Прес-служба.

На дневниот ред на 173-та седница се предложени поголем број точки со кои се предлага усвојување на програми за работа, финансиски планови и биланси за работата на министерствата, на јавните и државни претпријатија, како и на акционерските друштва со сопственост на државата.

Во рамките, пак, на редовната 174-та седница на Владата, ќе бидат разгледани повеќе информации, ќе бидат утврдени одлуки, и повеќе предлози за измени и дополнувања, како и предлог законски решенија.