петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 50
home Вести

Владата ќе расправа за пренамена на средства за проекти за наводнување

Владата ќе расправа за пренамена на средства за проекти за наводнување

Владата на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи извори во проекти за наводнување.

На дневен ред на 95. владина седница е и информацијата за формирање на работна група за Национален акциски план за енергија и клима, а министрите ќе треба да се изјаснат и за потребата од итна санација на армирано-бетонскиот мост на пругата Велес- Гевгелија.

Владата ќе се произнесе и по информацијата за обезбедување деловен простор за проектот за отворање на Инфо-центар за евроатлантски интеграции, а ќе расправа и за информацијата за анализа за алтернативна локација за изградба на нов Универитетски клинички центар во Скопје и формирањето на работна група за вршење на анализата.

На денешната седница меѓу другите точки е и информацијата за усвојување на меѓународната Повелба за отворени податоци, а претставници на Археолошкиот музеј на Македонија ќе информираат за реализацијата на меѓународната изложба „100 години Требениште“.

Коронавирус