среда, 2. декември 2020. Вести денес: 14
home Вести

Владата ќе „поарчи“ 20 илјади евра за да се фали во дневните весници

Владата планира да потроши 10 илјади евра без вклучено ДДВ информираат од Генералниот секретаријат, Сектор за јавни набавки.
Владата ќе „поарчи“ 20 илјади евра за да се фали во дневните весници

Откако КУРИР постави прашање до Владата на Република Македонија пред точно една недела, од таму денеска ни вратија одговор во врска со поставеното прашање „Колку пари планираат да потрошат за објавување на огласи во печатените дневни медиуми на македонски и албански јазик со максимален дневен тираж од 5 до 15 илјади примероци.“

Имено Владата неодамна преку електронскиот систем за јавни набавки објави дека Владата планира да се рекламира во печатените дневни медиуми на македонски и албански јазик, а денеска од оваа институција ја открија и сумата која не е наведена во електронскиот систем за јавни набавки.

Владата планира да потроши 10 илјади евра без вклучено ДДВ за да се рекламира во печатените дневни медиуми на македонски јазик со максимален дневен тираж од 10 илјади до 15 илјади примероци, информираат од Генералниот секретаријат, Сектор за јавни набавки.

Исто толку пари (10 илјади евра) Владата ќе потроши и за објавување на огласи во печатените дневни медиуми на албански јазик со максимален дневен тираж од 4 илјади до 5 илјади примероци.

Од Владата додаваат дека овој договор ќе биде со време траење од една година.

Сепак според јавноста Владата наместо да штеди пред изборите таа ќе се расфрла со пари и истите ќе ги арчи за да ги фали своите проекти во медиумите.

Коронавирус