сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 71
home Вести

Владата ќе одржи седница, на дневен ред измените на законот за работни односи

Владата ќе одржи седница, на дневен ред измените на законот за работни односи

Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната 77-ма седница на која, според Дневниот ред ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Пред министрите на разгледување ќе се најдат и Информацијата за склучување на Договор за издавање на гаранции од гарантен фонд организиран од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и Информацијата за склучување на Договор за администрирање на Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4 со Предлог одлука за распределба на средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4.

На седницата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се разгледува и Информацијата за формирање на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со Предлог-одлука и Предлог-решение.

Коронавирус