понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе одржи седница

Владата ќе одржи седница

Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната 44-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма.

На денешната седница пред министрите на Владата ќе се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови.

На предлог на Министерството за финансии на оваа седница на дневен ред е и Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.

Министрите денеска ќе расправаат и за Предлог-програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година, како и за Информацијата во врска со реализација на Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта-Струга.

ЕУРО 2020

Македонија