петок, 4. декември 2020. Вести денес: 97
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Владата ќе ја одржи втората редовна седница

Владата ќе ја одржи втората редовна седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората редовна седница, на која меѓу другото, ќе се разгледа и усвои Предлог – програмата за работа на Владата во 2020 година.

На денешната седница, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат разгледани и ќе бидат ставени на усвојување програмите за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост.

На предлог на Министерството за финансии денеска треба да биде разгледан и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, по скратена постапка, a Министерството за економија за оваа седница ги предлага точките Предлог – програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година и Предлог – програма за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2020 година.

Владата на ќе ги разгледа и Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за 2020 година.

На денешната седница Владата ќе се произнесе и по  Предлог – националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2020 година, а на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација ќе биде разгледана и информацијата за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор.

Втората редовна седница на Владата е предвидена да започне во 12:00 часот, и со неа ќе претседава премиерот Оливер Спасовски.

Коронавирус