понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе ја одржи 88-та седница

Владата ќе ја одржи 88-та седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 88-та седница.

Како што соопшти владината прес-служба на предлог на Генералниот секретаријат на Владата, на седницата ќе биде разгледана предлог стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 -та година.

Министрите денеска ќе дебатираат и за информацијата за националниот акциски план за отворено владино партнерство со предлог национален акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020- та година.

На предлог на Министерство за труд и социјална политика, дел од точките на седницата е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

На дневен ред на 88-мата седница е и Предлог – законот за јавните набавки, предложен од Министерството за финансии.

Владата, како што се наведува во соопштението, денеска ќе расправа и за информација на Министерството за здравство, со акциски план за сексуално и репродуктивно здравје 2018-2020-та година.

МИА