петок, 4. декември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Владата ќе го слави Илинден со македонски, но и со албански ора и песни

Владата ќе го слави Илинден со македонски, но и со албански ора и песни

Владата на Република Македонија, националниот празник 2 Август, Илинден ќе го чествува на Мечкин Камен, Крушево.

Програмата за чествување на Илинден ќе започне во 10:30 часот со пристигнување на официјалната делегација на Мечкин Камен, по што ќе следува свечено положување на свежо цвеќе пред споменикот на Мечкин Камен.

Во 12:00 часот ќе се интонира химната на Република Македонија по што ќе следи обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

За свечената прослава за националниот празник – Илинден, планирана е и културно уметничка програма која ќе ја отвори ансамблот „Танец“, по кој ќе настапи КУД Емин Дураку, а програмата ќе ја затвори мешаниот хор „Крушево“.

Коронавирус