вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 103
home Вести

Владата ќе го разгледува францускиот нон-пејпер, бил добредојдена идеја но имало и нејаснотии

Владата ќе го разгледува францускиот нон-пејпер, бил добредојдена идеја но имало и нејаснотии

Владата го поздравува и најави дека детално ќе го разгледа и анализира францускиот нон-пејпер со кој се бара обновен пристап во процесот на проширување на ЕУ и каде во прв план се ставаат владеењето на правото и реверзибилноста на самиот процес. Oд Илинденска порачуваат дека е добредојдена секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, посуштински и покредибилни. Оттаму порачуваат дека најважно е тоа што рамката која ја предлага Франција го потврдува членството во ЕУ како главна и крајна цел на процесот што е неопходен услов за Владата воопшто и да го разгледува. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, посочи дека е важно со одобрувањето на новата методологија за проширувањето да се определи датум за почеток на преговорите.

-Важно е Европскиот Совет при одобрувањето на оваа методологија да го одобри започнувањето на преговорите. Тоа е многу важно да се надоврзе. Доколку постои дисконекција меѓу методологијата и почетокот на преговорите, тоа нè носи кон нејасен пат. Фактот што се потврдува полноправното членство како единствен пат, фактот дека процесот е започнат и оти се достапни структурни фондови, тоа е нешто ново и позитивно за земјата, изјави Османи.

Османи не прецизира кои точки од новопредложената методологија би можеле да имаат негативно влијание врз евроинтегративниот процес, но додава дека има многу нејаснотии во овој документ, па Владата побарала да биде вклучена во неговата подготовка.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак излезе со став дека францускиот нон-пејпер е доказ дека Владата само формално се залага за исполнување на европските стандарди, но суштински не прави бишто во тој правец.

– Колку време сега ќе биде потребно оваа рамка испорачана како „нон-пејпер“ од Франција да биде уредена и детализирана во документ, како и колку ќе биде подолг патот за членство на Македонија. Очигледно е дека нашите партнери од ЕУ констатирале дека постојат двојни стандарди кај земјите аспиранти за членство. Доколку видат дека вие формално, а не суштински затварате поглавја, постои можност повторно да се навраќате на иста група поглавја, а тоа може да прерасне во приказна која нема завршеток. Затоа потребно е да се европеизираме одвнатре, за да можеме да бидеме конкурентни во Европа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Францускиот обновен пристап следи по недоделувањето датум за старт на преговорите за Македонија и Албанија на октомврискиот Самит на ЕУ. Документот е во фаза на разгледување и за него треба да се изјаснат сите земји-членки.

ИЗВОР: АЛФА

Коронавирус