недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе го менува името во ек на летните одмори- Шекеринска тврди дека одлуките ќе се носат во јули

Владата ќе го менува името во ек на летните одмори- Шекеринска тврди дека одлуките ќе се носат во јули

Не сме влезени во финалната фаза на решавање на проблемот со името, порачува вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Сметаме дека е прерано да ги соопштиме деталите, бидејќи тоа ги намалува шансите за решавање на проблемот. Треба да работиме трпеливо и се надевам дека тоа ќе донесе резултат, вели Шекеринска.

Таа посочи дека дебатата се води околу името, а аргументите се на наша страна околу јазикот, бидејќи, како што кажа, не постои античкомакедонски јазик на кој Грците полагаат права.

– Ако се сака да има договор кој ќе биде прифатен од двете држави треба прашањето да се реши на чесен и достоинствен начин. Одлуките ќе се носат во јуни и во јули. Сакаме до крајот на март да се гледаат контурите на некакво решение, но нема да дозволиме роковите да не притискаат, бидејќи треба да добиеме добар договор и за Македонија и за Грција, вели Шекеринска.