недела, 27. септември 2020. Вести денес: 24
home Вести

Владата јa штелува бројката на невработени, невработеноста носи сиромаштија

Владата јa штелува бројката на невработени, невработеноста носи сиромаштија

Бројката на невработени лица станува доста загрижувачка според податоците од Заводот за статистика и Агенцијата за вработување. Иако веќе подолг период не се соопштуваше бројката дали поради изборите или пак да не крева паника, сепак опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати предупреди дека економската состојба во државата е доста загрижувачка.

Стапката на невработеност од 16,7 отсто е евидентирана во вториот квартал од оваа година, објави вчера Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци бројот на невработени во овој квартал изнесува 159.623, додека бројот на вработени 793. 416. Активното население во земјата брои 953.039. Стапката на активност во вториот квартал изнесува 56,5 отсто.

Или, споредено со првиот квартал, невработеноста изнесуваше 16,2 проценти, бројот на невработени во земјава во месеците мај, април и јуни пораснал за околу 3.000 лица. Но, сепак бројките за јуни кои ги објави и Агенцијата за вработување се многу позагрижувачки од оние на Државниот завод за статистика.

Тие покажуваат дека само во јуни бројот на евидентирани невработени изнесувал 133.455 лица, односно е зголемен за 12.268 лица во однос на мај. Доколку, пак, се гледа во однос на февруари, бројот на невработени е зголемен за 27.639 граѓани. Загрижувачката бројка на невработени се повеќе ќе ја намалува економската активност.

„Мерките кои ги спроведе во изминатите месеци беа мерки за изборен поткуп. Тие потрошија една милијарда евра, а немаме никаков капитален проект или нешто видливо што изградија. Ако правилно се искористија тие мерки, ќе имавме финансиска стабилност која фактички ја немаме. Времето ги демантираше. Фактот што за пет месеци имаме четириесетина илјади невработени говори за тоа дека Владата има целосно фијаско во економијата. Значи 40 илјади семејства се борат со помислата како да го преживеат денот. Над 100 илјади семејства живеат со помалку од 50 денари дневно. Тоа е поразително“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле.

Како и да е владиниот обид е неуспешен да ги штелува или пак сокрие бројките на невработени граѓани. Според истражувањето на „Рефлектор“ се соочуваме со суровата реалност на пазарот на труд која дојде како резултат на истоштената економија каде во просек 250 луѓе дневно го губат своето работно место, односно секој час 11 граѓани во Македонија остануваат на улица. Ова се поразителни бројки за македонската економија. За пет месеци од април до 24-ти август бројот на луѓе што активно бараат работа е 36,362.

Или станува збор за речиси 5 месеци, скоро 40 илјади невработени или дневно околу 250 лица, а во еден час 11 лица остануваат без работа. Со овие поразителни бројки Македонија секојдневно тоне во сиромаштија, а граѓаните тонат во долгови. Граѓаните наместо ефикасни мерки по изборите од власта добија покачување на струјата. По оваа сериозна ситуација која се случува во државата, доколку власта не изнајде сериозен начин за помош на фирмите и на работниците, Македонија бргу може да западне во грчко сценарио.

Коронавирус