понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Вести

Владата ја огласи Попова Шапка на продажба

Владата ја огласи Попова Шапка на продажба

Владата на РМ – Генерален секретаријат деновиве распиша оглас за консултантски услуги­ детална длабинска анализа на финансиските, оперативно­ техничките и правните елементи на ски-центарот „Попова Шапка”, „Фабриката за шински возила Велес” и „11 Октомври­ Еурокомпозит” АД Прилеп, како и подготовка на документација за продажба на истите.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 15.000.000 денари. Економски најповолната понуда ќе се избира врз база на критериумите: цена (60 бодови) и квалитет (40 бодови).

Со ски-центарот „Попова Шапка” веќе шест години стопанисува Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт „ЕЛЕМ турс” ДООЕЛ Скопје. Според актуелната состојба енергетската компанија Електрани на Македонија е единствен основач и содружник на ова друштво, од каде пак посочуваат дека оваа подружница од почетокот на формирањето на „ЕЛЕМ турс“ ги пренесе кумулираните загуби од претходните години. Според нив во континуитет се создаваат загуби кои пак носат нови тешкотии во работењето. Тие стопанисуваат со хотелите Славија и Попова Шапка, како и ски-лифтовите и жичарницата.

На оваа тема неодамна се изјасни и премиерот Зоран Заев, кој посочи дека за развој на туризмот на Попова Шапка итно и се потребни странски инвестиции. Тој веќе најави дека сите хотели, жичниците, севкупната инфраструктура на Скијачкиот и туристички центар „Попова Шапка“ ќе бидат понудени на продажба.

Коронавирус