среда, 28. јули 2021. Вести денес: 156
home Вести

Владата ја именува поранешната независна пратеничка Исмајлоска за национална координаторка

Владата ја именува поранешната независна пратеничка Исмајлоска за национална координаторка

Една од поранешните пратенички на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за пристапување кон уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор е именувана за национална координаторка за регионална соработка и европски интеграции.

Нола Исмајлоска-Старова, пратеничка во претходниот собраниски состав, е именувана за национален координатор за регионална соработка и европски интеграции, на денешната владина седница.

Според информации на „360 степени“ утврден е и коефициент од 3,3 за платата што ќе ја добива Исмајлоска, што значи дека нејзините месечни примања ќе бидат повисоки од три просечни плати во минатата година.

Исмајлоска-Старова влезе во претходниот собраниски состав (2016-2020 година) од листата на ВМРО-ДПМНЕ, но кон крајот на 2018 година беше исклучена од партијата, заедно со уште шест нејзини сопартијци кои гласаа за пристапување кон уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор. Со тие седум (опозициски) гласа од ВМРО-ДПМНЕ и уште еден од пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ беше отворена процедурата за промена на Уставот.

Коронавирус