сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Владата им нуди решение, или повторно ги манипулира скопските пожарникари?

Владата им нуди решение, или повторно ги манипулира скопските пожарникари?

Откако владата најави можност за решавање на проблемот со кои се соочуваат скопските пожарникари за исплата на додатоците на платите согласно посетоечкиот законски прописи, се поставува прашањето дали ова е само уште едно лажно ветување, ако се земат претходните изјави на скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека не постои законска основа за исплаќање плати како што бараат тие.

Продолжува голготата на скопските пожарникари откако ниту градската власт и градоначалникот Петре Шилегов немаат слух за решавање на нивните проблеми со кои се соочуваат. Имено, откако пред една недела излегоа на протест барајќи да им се исплати надоместокот на плата за опасност при работа, за кои веќе има и судска одлука, Шилегов им порача дека протестите се политизирани и доколку не се задоволни од условите под кои работата слободно може да си бараат друга работа.

Но, не само Шилегов, ниту власта немаше слух за нивните барања, па откако на вчерашниот протест се заканија дека ќе излезат на протест пред владата, премиерот Зоран Заев се одважи да оствари средба со претседателот на ССМ Дарко Димовски, претседателот на Независниот синдикат на пожарникари на Македонија како и со претставници од овој синдикат. Средбата била онлајн па на состанокот како што соопштија од влада се разгледувале можностите за решавање на барањата со исплата на платите на пожарникарите и на додатоците на платит согласно постоечките законски можности на краток рок почнувајќи од месец ноември.

На состанокот се разгледани можностите за решавање на прашањето со исплатата на платите на пожарникарите и на додатоците за плати, согласно постоечките законски можности на краток рок почнувајќи од месец ноември, како и за системско уредување на прашањето на среден и на долг рок, преку потребните законски измени што треба да се донесат преку Парламентот, стои во соопштението од Влдата.

Ако се земе во предвид дека скопскиот градоначалник Шилегов изјави дека не постои законска основа за испалаќање плата како што бараат пожарникарите, се поставува прашањето дали ова е само уште една лага од страна на премиерот Заев и владата, се со цел да ги смират незадоволствата на пожарникарите и да избеганат уште една протест во знак на незадоволство.

-Јас не сум човек што бега од проблемите и сакам да ги видам сите луѓе што имаат проблем со начинот на исплата на платата на пожарникарите. Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран и лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарството, кои треба да стапат во сила во јуни 2021 година, каде што некои од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме, секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби, ги добива надоместоците, односно Градот им ја врши исплатата. Со цел да помогнеме да се забрза тој процес или да има законски основ да ги исплаќаме, ние нудиме во тој процес да влезе и медијацијата, со цел некаде во јуни 2021 година, кога ќе стапи во сила законот, едноставно до тогаш пожарникарите да не бидат оштетени“, изјави Шилегов по средбата со пожарникарите.

За потсетување на јавноста, пожарникарите во неколку наврати излегоа пред градската куќа во знак на револт поради тоа што скопскиот градоначалник Шилегов не сака да им ги испалти надоместоците по основ на опасност при работа и покрај тоа што како што тврдат уште пред година ипол судот одлучил надоместокот за опасност при работа да влезе во редовната плата, но градските власти одбивале да го спроведат решението.

Напротив, наместо решавање и исполнување на барањата на пожарникарите кои што го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ, пожртвувани, беа понижени и навредувани од страна на градоначалникот Шилегов им се закани со откази порачувајќи им дека доколу не им одговараат условите под кои работат да си најдат нови работни места.

Ваквиот однос од страна на Шилегов наиде на остра осуда од страна на граѓаните порачувајќи им дека без него се може, но без пожарникарите не, како и дека пожарникарите не заслужуваат ваков третман, а Шилегов со неговата ароганција изгубил контакт со реалноста.

Коронавирус