понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 121
home Вести

Владата иако вети дека директорот на Шутка Ѓоко Котевски ќе биде разрешен по изборите тој се уште остварува партиски приватни средби (ФОТО)

Владата иако вети дека директорот на Шутка Ѓоко Котевски ќе биде разрешен по изборите тој се уште остварува партиски приватни средби (ФОТО)

Директорот на управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ и директорите на затворите од СДСМ остваруваат партиски приватни средби.

Сепак на овие партиски средби не се појавиле директорите на затворите од ДУИ, па така  на фотографиите не се директорите на затворите во Струга и Тетово, дали ова е уште еден доказ за проблеми во владината коалиција останува да видиме.

Спорно и чудно во целата ситуација е зошто ако се разговарало на овие средби за планот и работата и досегашните активности се разговара само со едни партиски директори, кога програмата и планот се државни и владини.

На фотографијата се гледа и директорот на Шутка, Ѓоко Котевски кој ја излажа јавноста дека понудената оставка поради инцидентот во затворот Шутка ќе се ефектуира веднаш после изборите, а сега јасно се гледа како тој продолжува без срам и морал и одговорност да биде на директорската функција.

Инаку во февруари годинава Котевски изјави дека до Владата ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Извештајот за инцидентот, како што рече, го доставил и до Министерството за правда и до Управата за извршување санкции

По ова портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на прес конференција, истакна дека за оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, ќе се дебатира по претседателските избори, но повеќе од очигледно е дека од тоа се уште нема ништо…

За време на претседателските избори тој беше дел од кампањата и со тоа стана сосема јасно зошто на премиерот Заев му беше важно тој да остане на функцијата.

Па така Котевски беше целосно посветен на промоцијата на Пендаровски.

Најнови вести

Коронавирус